Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, вечерва преку својот профил на социјалната мрежа „Твитер“ реагираше на одлуката на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов да не му додели мандат за составување Влада на првиот човек на СДСМ, Зоран Заев.
– Во однос на последниот развој на настаните во БЈР Македонија, сите политички лидери, вклучитлено и претседателот Иванов, мора да го почитуваат исходот од неодмнешнтие избори. Во демократијата, мора да се признае парламентарното мнозинство, дури и ако тоа не го сакате. Затоа, очекувам сите политички лидери и институциите да му дозволат на демократскиот процес да се одвива по својот тек, во интерес на граѓаните, порача Хан во неговото соопштение и објава на социјалната мрежа „Твитер“.
Во текот на утрешниот ден, пораките од Европската унија, директно на македонските политички лидери и на претседателот Ѓорге Иванов се очекува да им ги пренесе и високата претставничка на Европската унија, Федерика Могерини, која ќе пристигне во еднодневна посета на македонската држава.