Хан ги разгневи грчките дипломати со изјавата дека за две недели ќе има решение за името

Од:

Вчерашната изјава на европскиот комесар за проширување, Јоханес Хан, во која вели дека за две недели ќе има решение за спорот со името помеѓу Грција и Македонија ги разгневи дипломатите од грчкото министерство за надворешни работи.

Оттаму остро реагираат на оваа изјава на Хан при што му порачаа на европскиот комесар да не дава погрешна слика за преговорите бидејќи со тоа непотребно ја разгорува атмосферата во јавноста и дополнително се компликуваат преговорите.

Премиерот Зоран Заев пак за изјавата на Хан рече дека би сакал за две недели од сега да се изнајде решение за спорот со името, но тоа е премногу краток период за решавање на овој повеќе децениски проблем со нашиот јужен сосед.

Министрите за надворешни работи Коѕијас и Димитров денеска повторно се на заедничка средба со медијаторот Метју Нимиц во Виена каде ќе се одржува нова рунда преговори.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

Хан: Горд сум што придонесов за успехот на Преспанскиот договор

А1он

Средби на Димитров со Хан, Дендиас и Бартоло, во фокусот на разговорите нашата европска иднина

Драган Поповски

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски