Хан е загрижен што се пробиваат роковите за имплементирање на политичкиот договор

Од:

Еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан е сериозно загрижен од неуспехот на четирите главни политички партии во Македонија да се договорат околу Изборниот законик и идниот изглед на Државната изборна комисија и дека со тоа веќе ги пробиваат поставените рокови за целосна имплементација на политичкио договор од 2. јуни и 15. јули.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, ја пренесе пораката на загриженост на Хан кој беше посредник при постигнувањето на договорот што стави крај на политичката криза во Република Македонија.

– Комесарот Хан многу внимателно ја следи имплементацијата на политичкиот договор во Скопје. Тој е целосно во тек со моменталните одложувања во донесувањето одлуки за клучните прашања. Тој е загрижен дека некои од роковите што се договорени од страна на политичките лидери не се исполнети. Потребно е итно да се направи напредок за носење на одлука во врска со изборните реформи и воспоставување на Државната изборна комисија и да се обезбеди правилно функционирање на канцеларијата на Специјалниот обвинител и формирање на Анкетната комисија, порачува гласноговорничката на Еврокомисијата.

Според Коцијанчич, Брисел очекува „политичката волја треба да биде преведена во договор за отворените прашања, со компромис од страна на сите, а во интерес на земјата”.

– Комесарот Хан се надева дека повеќепати изразената посветеност за целосно спроведување на политичкиот договор од страна на четирите политички партии ќе овозможи да се финализира договорот за сите овие прашања во многу кратко време, бидејќи времето истекува, предупреди Маја Коцијанчич во име на еврокомесарот за преговори за проширување.

Би можело да ве интересира

Кисела Вода забрани семејните куќи во Пржино и Црниче да станат згради

А1он

Ѓорѓиевски се сомнева дека пожарот во Пржино бил подметнат

А1он

Голем пожар во Пржино, гори поранешно училиште

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Драма во Пржино: Се излизга патот, локалните жители стравуваат за домовите

Наум Локоски

Пожар во подрумски простории каде што се складира медицински материјал во Пржино

Наум Локоски

Пожар во Пржино

Наум Локоски