ГТЦ заработил 13,000 евра за цела година?

Од:

Ревидираните финанскиски извештаи покажуваат дека „Градскиот трговски центар“ во 2012 година вкупно заработил 13.194 евра, а според берзанските работници, толкава добивка остваруваат помали гранапчиња, пишува Вест.

Директорот на ГТЦ, Аго Абазовски вчера не бил достапен да одговори на што се должи малата заработка во текот на минатата година, објави весникот.

Инаку, само за плати, струја и парно ГТЦ лани платил над 2,2 милиони евра. Во Годишната сметка за 2012 година, одобрена од акционерите, пишува дека најголеми трошоци на компанијата се сметките за енергија (парно, струја) и трошокот за плати на вработените. За овие две ставки компанијата лани потрошила 2,2 милиони евра односно повеќе од половина од сите трошоци на компанијата лани.

ГТЦ, некогашната гордост на Скопје, лани успеал да оствари профит од 811.462 денари што значи дека месечно компанијата правела профит од околу 1.100 евра.
Full article

Би можело да ве интересира

МВР потврди: 55 годишна е жената која падна од терасата на ГТЦ

Анита Петровска Рајковиќ

Жена се фрли од терасата на ГТЦ – момче се обидело да ја спречи, но не успеало

Анита Петровска Рајковиќ

ГТЦ лани издвоил 1,3 милиони евра за струја и 2022 ја завршил со минус од 645.000 евра

A1on

Вклучи-исклучи на струјата во ГТЦ: Менаџментот ветувал дека ќе го плати долгот, за дуќанџиите да не останат во мрак

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Дојави за бомби во ГТЦ, во МНР и во неколку школи, во тек евакуација

Катерина Ѓуровски

Габриел Бајрам не се јавил на распит во полиција, ама се јавил на поканата за прослава на Владата

Кристијан Ландов