ВИДЕО: Групата млади демонстранти се разотидоа без поголеми инциденти

Од:

Групата млади лица кои по денешната молитва пред Јајапашината џамија се упатија  кон Владата, попладнево се разотидоа без поголеми иниценти.

Стотината помлади луѓе, меѓу кои и мамлолетници, на кои им се придружија и неколку повозрасни лица, откако кај поранешната стоковна куќа „Мост“ беа спречени од полицијата да продолжат кон мостот „Гоце Делчев“, преку Бит Пазар се вратија во Чаир и се разотидоа.

Некои од нив по пат фрлаа камења и извикуваа пароли, но до посеризни инциденти не дојде.

По минатонеделните насилни протести, преку социјалните мрежи имаше повици за нови собири денеска и утре.

Полицијата презеде превентивни мерки за спречување на евентуално нови нереди. Полициски патроли се распоредени на критичните места и на автобуските постојки. МВР ги повика сите општествени чинители, вклучувајќи ги и медиумите и невладините организации, активно да се вклучат и да го дадат својот придонес за смирување на страстите.

– Без разлика што никакви протести не се формално најавени, врз основа на оперативните сознанија и информации, полицијата ќе ги преземе сите неопходни мерки, а против сите кои би предизвикувале или би учествувале во какви било инциденти ќе следуваат најостри санкции. Граѓаните кои размислуваат да учествуваат во некакви протести не смее да дозволат да бидат изманипулирани и вовлечени во какви било сценарија бидејќи товарот на одговорноста ќе падне врз нивниот грб, соопшти МВР.

Во неколку скопски училишта, денеска има скратени часови со цел попладневната смена да заврши порано.

Осуда за инцидентите и апел за смирување на ситуацијата упатија и  Исламската верска заедница и Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи, како и ЕУ и Амбасадата на САД.

Протест беше организиран и минатата сабота кој ескалираше во улично насилство во кое беа повредени повеќе граѓани, полицајци, демолирани автомобили, а беше и запален еден автобус на ЈСП.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нови снимки од студентите во Охрид: Ги симнуваат лустерите и пијат од нив, фрлаат прозорци од апартманот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Студенти од Загреб и Србија демолираа хотел во Охрид

Горан Наумовски

Се зголемува бројот на злосторства од омраза во САД

Скопјанка истепала две жени во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Полицаец осуден на една година затвор, поради претепувањето на битолчанецот додека го апсеше

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Тепачка во „КАМ“ маркет, вработен бил нападнат од купувач

Кристијан Ландов