Групата млади лица кои по денешната молитва пред Јајапашината џамија преку Бит Пазар се упатија кон Владата, попладнево кај поранешната стоковна куќа Мост беа спречени од полицијата да продолжат кон мостот „Гоце Делчев“.
Инциденти засега нема. Групата од околу стотина помлади луѓе на кои по пат им се придружија и повозрасни лица, од кај стоковната куќа „Мост“ тргна назад кон крстосницата кај „Мавровка“.
Од изутринава, силни полициски сили се распоредени на сите крстосници во Скопје, посебно на тие што водат кон владата.
Вчера полицијата повика на информативен разговор десетина учесници во минатонеделните инциденти пред владата, а на дел по сослушувањето пред истражниот судија им беше одреден и притвот.
Фото: Фејсбук