ВИДЕО: Грујевски не доаѓа на суд поради боледување, ама си се појавува на работа

Од:

Рочиштето за предмето на Специјалното Јавно Обвинителство „Тврдина 2“ во кое првообвинет е началникото од УБК Горан Грујевски се одложи за 23. мај поради болест на Грујевски.

Од Специјалното Јавно Обвинителство реагираа дека Грујевски, кој освен во „Тврдина 2“ е обвинет и во неколку други предмети на СЈО се појавувал на своето работно место во МВР и УБК и по датумот од кога му е почнато боледувањето. Од обвинителството истакнаа дека доколку се покаже дека навистина се појавувал на работа, тие ќе бараат притвор за Грујевски.

Одбраната реагираше дека обвинителите од СЈО не можат да вршат процена на здравствената состојба на обвинетиот и дека тие знаеле за неговите хронични здравствени проблеми.

Исто така, судијката наведе дека обвинетиот Грујевски не е најден на домашната адреса, па затоа не можеле да му достават покана.

Обвинителот од СЈО, Трајче Пеливанов пред медиумите кажа дека ќе побараат проверка на боледувањето и оправданост за отсуство на рочиштето.

– Имаме сознанија дека Грујевски се појавува на работа. Од страна на министерот за внатрешни работи е извршена декласификација на се освен на деловодните книги, меѓутоа од произнесувањето на судијата сметам дека нема да биде пречка за главна расправа, рече Пеливанов.

На судењето не се појави ниту адвокатот на обвинетиот Горан Грујевски, Никола Додовски, па наместо него, во судницата се произнесуваа другите адвокати на одбраната.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов