Грујевски и Бошкоски побарале азил во Грција

Од:

Горан Грујевски и Никола Бошкоски во средата побарале азил во Грција, потврдија адвокатите кои го застапуваат во Солун и Атина.

Тие останувааат во екстрадициски притвор. Судот за прекршоци во Солун го одложи денешното судење за двајцата бегалци од правдата, бидејќи не беше присутен еден од останатите од групата кои биле заедно со нив, а немале регулиран престој во Грција.

Ексразузнавачите во тренерки и капути со лисици на рацете беа донесени во придружба на полиција, во комбе со мигранти. На денешното судење имаше овластен судски преведувач, кој ги преведуваше прашањата на судијката, а беа присутен грчки адвокат и адвокатот Петар Василев.

Но, судот одлучи расправата да не се одржи. На 13 декември, пак, истиот суд, треба да расправа за барањето за екстрадиција кое го поднесе Министерството за правда.

Грујевски и Бошкоски се обвинети од Специјалното јавно обвинителство за нелегално прислушување и за уништување на системите за прислушување, случаи познати како „Тврдина“, „Таргет“ и „Тврдина 2“.

Двајцата беа уаспени од грчката полиција на аеродромот во Солун на 18 октомври, при обид со лажни бугарски пасоши да заминат со авион за Будимпешта.

В.Маглешов

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов