Груевски заштедил 230.000 евра и уметнички слики

Од:

Антикорупциската комисија денеска ги објави имотните листови на ново избраните пратеници.

Меѓу нив на страната на ДКСК е објавен и имотниот лист на Никола Груевски.

Груевски, според она што го пријавил, нема недвижен имот, но има заштеди во денари и странски валути од околу 230.000 евра.

Груевски заштедил 48.265 евра, 7.318 швајцарски франци, 250 долари, 600 британски фунти и 10.036.572 денари (163.196 евра).

На име на сопругата Боркица се пријавени 8.000 евра на име штедни влогови.

Груевски пријавил 33 уметнички слики во вредност од околу 11.000 евра. Груевски кога дојде на функцијата претседател на Владата имаше имот од 43.000 евра, а опозициската СДСМ во 2011 обелодени дека на името на мајката на премиерот Надежда Груевска има четири стана.

Имотниот лист на Груевски беше отстранет од страната на ДКСК минатата година кога поднесе оставка од премиерската функција.

Би можело да ве интересира

Почина поранешниот потпретседател на ДСКС, Нури Бајрами

СДСМ: По Груевски, слободен е и Латас – јасен доказ дека Мицкоски управува со Обвинителството

СДСМ: Ослободувањето на Груевски е уште еден доказ за контролираното правосудство

Левица: Собранието ја избра послушничката на Цвета Ристовска на нејзино место во Антикорупциска

А1он

Катерина Зајковска e избрана за нов член на ДКСК

А1он

ДКСК отвори предмет за наодите содржани во ревизорскиот извештај на ДЗС кои се однесуваат на ИЈЗ