Груевски и в затвор останува пратеник

Од:

Пратеничкиот мандат на експремиерот Никола Груевски не престанува и по казната затвор од две години. Законот за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија пропишува казна од најмалку пет години за престанување на мандатот.

„На пратеникот му престанува мандатот пред истекот на времето за кое е избран ако: поднесе оставка, е осуден за кривично дело за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку пет години, настапи случај на неспојливост со функцијата пратеник, по негово барање му престане членството во партијата, изјави дека преминува во друга политичка партија, во случај на смрт и со правосилно решение е лишен од деловна способност“, стои во членот 101 од Законот за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија.

Можност за одземање на пратеничкиот мандат дава и Уставот.

„Ако пратеникот е осуден на пет години затвор мандатот автоматски му престанува, но постои можност за одземање на мандатот и на друг начин, со гласање во Парламентот ако се смета дека е недостоен за вршење на пратеничка функција. Уставот дава можност доколку е осуден пратеник за дело што го прави недостоен за вршење на функцијата да може со гласање да му се одземе мандатот. За тоа е потребно двотретинско мнозинство“, изјави за „Макфакс“ Рената Дескоска, министерка за правда.

Утрово Апелациониот суд Скопје објави дека ја потврдува двегодишната затворска казна на поранешниот премиер Никола Груевски. Судот ги одби жалбите како неосновани и првостепената пресуда ја потврди во целост. Груевски е осуден на две години затвор во предметот познат под името „Тенк“, за набавка на мерцедесот од 600 000 евра.

Маја Илиевска-Пачемска

Би можело да ве интересира

На Груевски му застарува затворската казна во случајот „Тенк“ за набавката на мерцедесот

Катерина Ѓуровски

Тенк прегази двајца војници во Полска: Едниот загина, другиот во критична состојба

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески