Груевски: Позитивниот Извештај е успех на сите

Од:

Овој успех денеска е успех на сите во Република македонија, изјави во среда премиерот Никола Груевски, по средбата со евроамбасадорот Аиво Орав, кој му го врачи Извештајот на ЕК за напредокот на земјата.

Според Груевски, пристапниот дијалог на високо ниво имал големо влијание и претставувал дополнителен мотив при спроведувањето на реформите.

Амбасадорот Орав порача дека оваа година власта направила многу добри работи, но дека останува заложбата да се продолжи со реформите.

„Извештајот за напредокот оваа година е навистина за напредок”, рече Орав.

Тој додаде дека ова е четврт извештај на ЕК на кој се препорачува старт на пристапните преговори, но дека овој пат за разлика од претходните три, како што рече, препораката е дадена поинаку.

Би можело да ве интересира

ЕК: Изборниот резултат е можност за напредок на Србија кон ЕУ

А1он

Зеленски: Европа мора да учествува во одлуките за завршување на војната

Срдановиќ: Европската интеграција и дијалогот за Косово ќе продолжат

Горан Наумовски

Путин ѝ испрати предупредување на Европа за рускиот гас: „Кој на друг му копа јама, самиот паѓа во неа“

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

ЕУ внимателно ги следи изборите во Србија – тие мора да бидат во согласност со меѓународните стандарди

А1он