Груевски: Односите со ДУИ се влошени

Од:

Премиерот Никола Груевски признава дека со ДУИ имаат несогласувања, дека во вториот мандат се влошени, но се на одржливо ниво.

„Се трудиме да се добри. Ако имаме недоразбирања со ДУИ, не значи дека имаме недоразбирања со сите Албанци“, вака одговара премиерот во вториот дел од интервјуто за Нетпрес.

Албанските политичари, вели, повеќе се фокусираат на квантитеот отколку на квалитетот на кадрите. Треба да ги знаеме јазиците на кои зборуваме. И своите деца би ги подржал да учат албански јазик.

„И не само да дозволам, јас би ги охрабрил да го направат тоа. Покрај, англискиот, знаењето албански јазик е предност. Воопшто земено, учењето странски јазик е богаство и не случајно народот рекол, богат си толку колку што знаеш јазици, или вредиш за онолку луѓе колку што јазици говориш. Посебно познавањето на јазикот на комшијата е предност а не хендикепт“, вели премиерот Груевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал