Груевски од Шуто Оризари најави отпис на долговите за вода и ѓубретарина

Од:

Еднократен отпис на достасани долгови за вода и ѓубретарина заклучно со септември годинава за граѓани од социјално загрозени семејства и проект за стекнување на сопствен дом, најави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на вечерашниот митинг во Шуто Оризари на Коалицијата „За подобра Македонија“.

Тој им порача на граѓаните дека тие одлучуваат каква ќе биде Македонија по 15 октомври и дека ја носат одлуката за иднината на градовите и државата.

– Во сите општини во кои ќе победат градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За подобра Македонија, ќе извршиме еднократен отпис на достасани долгови за вода и ѓубретарина заклучно со септември годинава, за граѓани од социјално загрозени семејства. Отписот на долгови ќе биде донесен како мерка на првата седница на новиот Совет и ќе стапи во сила од ноември, потенцира Груевски.

Со проектот за стекнување на сопствен дом, посочи, ќе овозможиме семејствата кои немаат сопствен дом, да можат да дојдат до сопствен дом со многу пониски трошоци. Појасни дека општината ќе обезбедува
локации и земјиште за изградба на нови куќи кое ќе се купува за едно евро по метар квадратен.

– На семејства со приход до една просечна нето плата ќе има целосно ослободување од комуналии, а и земјиштето ќе им биде дадено бесплатно. За семејства со приход од една до две просечни нето плати ќе има 75 отстотно ослободување од комуналии, за оние со приход од две до три просечни плати 50 отстотно, а за семејствата со три до пет просечни плати 25 отстотно ослободување од комуналии, рече Груевски и додаде дека ослободувањата ќе може да се користат и за надградба на постоечки куќи.

Кандидатот за градоначалник на Шуто Оризари Елвис Бајрам порача дека се уште не е доволно опоравен од повредите што ги доби при неодамнешниот напад.

-Заради тоа мислам дека сите на 15 октомври ќе ги казниме и ќе излеземе на гласање и ќе победиме уште во првиот круг за да нема втор круг во Шуто Оризари, истакна Бајрам.

Би можело да ве интересира

Утре втор круг од изборите за градоначалник во Брвеница, денеска гласаат болните

А1он

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер