Груби: Русија ни носи проблеми и неволја, САД ни помага во проекти потребни за граѓаните

Од:

Треба да направиме разлика, дали сакаме европска Македонија или проруска Македонија, рече вицепремиерот Артан Груби на денешното пуштање во употреба на реновираниот дел на Клиниката за Хематологија во Скопје.

„Тоа што го зборував пред два дена, денеска се потврдува. Се што добиваме од Русија се проблеми, неволја, провокација и не оддалечува од европскиот пат. Она што го добиваме од САД е поддршка за ЕУ аспирациите, реновирање на болници, градење на патишта, градинки и проекти кои се потребни за граѓаните. Затоа нашите граѓани треба да ги видат разликите помеѓу пријателството со евроатлантската заедница, со САД и ЕУ и што земаме од деструктивното влијание од Русија. Многу е значајно да направиме одлука, дали сакаме европска или проруска Македонија“, рече Груби.

Тој и претходно обвини дека Русија е виновна за се во Македонија и дека рускиот претседател Владимир Путин прави меѓуетнички тензии во земјава, за што доби поддршка од премиерот Димитар Ковачевски. По него, со обвинувања за руско влијание во Македонија излезе и министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Би можело да ве интересира

Мерц за САД и Израел: Некои работи ни се нејасни

Велика Британија: Европа мора да се подготви за одбрана без САД

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Ученик тешко повреди другар пукајќи со сигнален пиштол

Песков: Странските медиуми моментално објавуваат многу лаги

Данците не се баук: Македонија има 0-0 на полувреме во Копенхаген