Груби: Измените во Кривичниот законик се барање на Мицкоски

Од:

Предлог измените во Кривичниот законик со кои се намалуваат казните за злоупотреба на службената положба и овластување според вицепремиерот Артан Груби се ексклузивно барање на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Груби вели, не се работело за пазарење со опозицијата, која како што вели тој, не гласала против потребата од донесување на овие измени по скратена постапка.

„Останаа на седницата, правеа кворум и заедно го усвоивме дневниот ред. Истото се случува и денеска на Комисијата за европски прашања. Целта не е со овие услови да се врати Никола Грувески, туку тоа е екслузивно барање на Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ на сите лидерски и билатерални средби и имаат шанса тоа да си го направат во Собранието“, рече Груби.

Мицкоски пак, претходно изјави дека на шверцерски начин со злоупотреба на европско знаменце се носат измените во Кривичниот законик, но и дека со тоа, СДСМ и ДУИ сакале да си го сокријат криминалот.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Се работи на решение да се ограничат местата за брзи кредити до коцкарниците

Мицкоски: Ќе се преиспита случајот со увозот на мазут

Мицкоски: Денес нè нарекуваат бугарофили, утре ќе измислат нешто друго

Горан Наумовски

Мицкоски: Македонија се позиционира како регионален транспортен и енергетски хаб

Мицкоски: Никогаш нема да поддржам повеќејазичност во правосудството

Мицкоски: Нема да водиме мекотелна политика и дипломатија за пари како претходната влада