Мицкоски: Ќе се преиспита случајот со увозот на мазут

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека бил изненаден од одлуката на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција да не покрене постапка во случајот со набавката на мазут за ТЕЦ „Неготино“, во кој беа опфатени 13 лица, меѓу нив и сопствениците на „Пуцко Петрол“, Ратко Капушевски и поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски.

Мицкоски рече дека со „неверување“ ја примил информацијата дека според обвинителството не постоеле докази за незаконски дејствија во постапката за набавка на мазут.

Тој најави дека АД ЕСМ ќе поднесе жалба на ваквата одлука и изрази очекување случајот повторно да биде разгледан.

Премиерот индиректно го критикуваше шефот на ОЈО ГОКК, Ислам Абази, посочувајќи дека јавноста веќе имала можност да слушне коментари за неговото работење.

Според Мицкоски, за одлуката разговарал и со државниот јавен обвинител Ненад Савески, кој, како што тврди премиерот, не бил информиран за исходот од истрагата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски ги поништува реформите – сака целосна партизација и контрола на безбедносните служби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски ќе се жали во НАТО за Ива, а молчи за Груевски и не бара екстрадиција

Мицкоски: Михаилова е нелегално пренесена во Бугарија, кога-тогаш таа и татко ѝ ќе одговараат

Серафимовска-Борозан: Мицкоски ветува просечна плата од 1.000 евра, но не прифаќа минимална од 600 евра

Сите го забележаа истото: Зошто Трамп на сите фотографии со балканските лидери има иста поза и лик?

Левица: Бугарите влегуваат во Устав – Фон Дер Лајен го „деблокира процесот“, а Мицкоски кима со главата