Мицкоски: Нема да водиме мекотелна политика и дипломатија за пари како претходната влада

Од:

Оваа Влада води стабилна политика, а не дипломатија за пари и жолтици, како што правеше СДСМ седум години. Како човек никогаш нема да влезам во каква било авантура, без однапред да ги знам крајот и исходот за граѓаните – рече денеска премиерот Христијан Мицкоски одговорајќи на новинарско прашање како ги оценува обвинувањата од опозицијата дека го кочи процесот на македонската евроинтеграција.

Според Мицкоски, ја видовме мекотелната евроинтергациска политика на претходната влада, која го промени името и го лажеше народот.

– Не знам дали треба да ги коментирам обвинувањата од опозицијата. Која опозиција? СДСМ? Мислите на оние што мислат да водат меѓународна дипломатска политика со коленичење, прифаќање бланко-листови, потпишување сѐ и сешто на грбот на македонскиот идентитет, асимилација за пари? Ние дипломатија за пари не водиме. Ние водиме стабилна политика, политика што граѓаните ја препознаваат и ѝ даваат поддршка. И јас како човек никогаш нема да влезам во каква било авантура, без однапред да го знам крајот, а тој да биде позитивен за граѓаните што ме гласале и не ме гласале и за оние што воопшто не излегле да гласаат. Толку многу работи седум години влада СДСМ и ДУИ, толку многу дипломатија за пари е аплицирана, што денеска ние мораме сето тоа да го коригираме на потешкиот начин. И коригираме чекор по чекор, малку по малку доаѓаме до многу поповолна позиција. Ние ја видовме нивната евроинтегративна политика: го променија името, го лажеа народот за бесплатно здравство, за квалитетно образование или не знам што. Застанавме поназад од кој било во регионот. Таква дипломатија за жолтици ние нема да водиме. Ние ќе водиме стабилна политика, политика што ја препознаваат граѓаните, ја поддржуваат и сѐ додека ја поддржуваат, ние ќе се бориме да ја оправдаме таа поддршка – потенцира премиерот одговорајќи на новинарски прашања по седницата на Комитетот за јавни инвестиции.

Оној момент, дополни, кога граѓаните нема да ја поддржуваат владината политика, тоа ќе го покажат на избори.

Во врска со иницијативата на ДУИ за уставните измени, премиерот одговори дека оваа партија имаше можност тоа да го стори кога беше во владата. Според него, ДУИ има кадровски и програмски проблем на кој треба да поработи.

– Дваесетина години беа во владата. Би ги советувал да се посветат на кадровскиот и на програмскиот проблем, да го решаваат, а државните проблеми ќе ги решава Владата што има легитимитет од граѓаните – посочи Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Поради Мицкоски, Македонија ги загуби европските пари од ИПА за пругата, тврдат од СДСМ

Мицкоски: Додека Филипче беше министер имало предупредувања за загадена вода, но институциите молчеле

(ВИДЕО) Филипче до Мицкоски: Кој премиер е виновен што Македонија тоне во загадување, сиромаштија и корупција?

СДСМ: Мицкоски ја труе цела Македонија – По седум градови, сега и Башино Село и изворите во Елшани и Велестово во Охрид

Мицкоски: Следната недела очекувам поголемо намалување на цената на дизелот и бензините

Горан Наумовски

Мицкоски: Рекордни бројки во тутунот и лозарството, инвестициите во земјоделството продолжуваат

Горан Наумовски