А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Гром удри во трло со овци и кози

by А1он07/05/2018 - 10:21294
Share0

Гром удри во трло со стада овци и кози викендов, при невреме во Кавадарци. Повредени беа две животни, а сопствениците на фармата успеаја да го спасат само едното.

Следете a1on на Instagram Instagram

Ѓорѓи Велков раскажа какво е чувството да се биде сведок на моментот кога на човек му се чини дека се спојуваат небото и земјата.

– Беше страшно. Трештеше на два метра меѓу мене и мојот син, со кого бевме меѓу стоката. Како да се отвори небото над мене, па, чиниш се симна долу да ја допре земјата. Ги погоди двата прча. За среќа нас не не фати. Се подзавртевме лево, десно, колку да се преиспитаме себеси, затоа што во тие моменти на паника, како да не им верувавме на своите сетила дека куртуливме од громот. Едното животно умре веднаш, а другото успеавме да го спасиме полевајќи го со вода и триејќи му го телото со масажа. Не знам дали се спаси поради нашата помош или ете така било пишано. Во меѓувреме се јавувавме по медицински лица за да побараме совет како да постапиме, но за жал и тие не можеа којзнае колку да ни помогнат. Нема да кријам, толку блиску до смртта, бевме исплашени, рече Велков.

За тоа колку била силна експлозијата, додава, говорел фактот што испукала целата внатрешност на настраданото животно.

Следете a1on на Youtube YouTube
kavadarci

Би можело да ве интересира

Кавадарчанки се затруле со бајати велгиднески јајца

Катерина Ѓуровски21/04/2026 - 08:2021/04/2026 - 11:48

Заматена водата за пиење во Кавадарци и Неготино поради дождовите, потребно е да се преврива

Катерина Ѓуровски03/04/2026 - 08:51

„Боите на Свети Трифун низ делата на ликовните уметници“, традиционална изложба во Музеј галерија – Кавадарци

А1он14/02/2026 - 09:49

Момче почина во кавадаречко Возарци

Горан Наумовски26/01/2026 - 11:30

Семејно насилство во Кавадарци: Пијана жена од Хрватска со нож го избоде сопругот

Горан Наумовски26/01/2026 - 08:2426/01/2026 - 08:30

Опожарени две хали од магацински простор на конфекција во Кавадарци

Катерина Ѓуровски22/01/2026 - 11:21
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто