Грчките тинејџери по тепачката со ракометарите од школата на Андријана Будимир, вечерта со палки и останати предмети повторно се обиделе да се пресмеетаат со македонските ракометари влегувајќи во хотелот каде престојувале, но полицијата навремено интервенирала и спречила уште еден конфликт помеѓу двете групи, дознава А1он.
По тепачката, младите македонски ракометари не ја информирале Андријана Будимир и останатите инструктори за настанот, тие дознале дури вечерта кога групата грчки тинејџери пристигнале во нивниот хотел за повторно да се пресметаат со македонските ракометари. Немилите настани поминале без кривични и прекшочни пријави. Целиот тим, поради тепачките, ракометниот камп го напуштил еден ден порано.
Од Министерството за надворешни работи велат дека се уште немаат информации за настанот кој всушност се случил пред четири дена.
-Засега не знаеме што се случило, известувањето за било каков случај на македонски државјани во странство мора да оди по официјален пат, моментално ја проверуваме информацијата, ќе ве известиме кога ќе имаме детални информации вели портпаролот на МНР, Јане Лазевски.
Патем, во точка 4, член 6 од потпишаниот договор со Грција за решавање на проблемот со името стои дека со цел зајакнување на пријателските билатерални односи, секоја од Страните веднаш ќе преземе ефикасни мерки за забрана на непријателски активности, дејства или пропаганда од страна на државни агенции или агенции кои се директно или индиректно контролирани од државата и да ги спречат активностите што можат да предизвикаат шовинизам, непријателство, иредентизам и ревизионизам против другата страна.
Виктор Јованов