А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Грчки портал тврди дека од тајните фондови на МНР биле финансирани македонски и албански медиуми

by А1он19/10/2018 - 10:4019/10/2018 - 11:02132
Share0

Околу еден милион евра од тајните фондови на грчкото МНР биле искористени за финансирање на медиуми во Македонија и Албанија и за поддршка на православни цркви, според информациите што ги објавува информативниот грчки портал Ајефимерида (iefimerida).

Добивај вести на вибер

Како што јави дописничката на МИА од Атина, за конкретниот текст реагираше претседателот на грчкиот Парламент и кабинетот на Ципрас, а според „Ефимерида тон синдактон“, обвинителството наредило истрага за објавување доверливи информации.

Новинарот од Ајефимерида (iefimerida) пишува дека информациите се од 10 октомври, последниот пат кога бил известен гечкиот Парламент за тајните фондови, односно една седмица пред кавгата на Каменос и Коѕијас на владината седница.

– Според информациите, во запечатениот документ што во Парламентот го донесе специјален службеник од Министерството за надворешни работи имаше три кодови, додека пак вкупниот износ ставен на располагање изнесуваше околу 1.000.000 евра. Првиот код се однесуваше на парите распределени на медиуми во Албанија. Вториот код се однесуваше на финансирање на медиуми во поранешната југословенска Република Македонија. Третиот код се однесуваше на средства што беа распределени за поддршка на православни цркви и главно на православието, објави грчкиот портал.

На прашањата на потпретседателите на Парламентот зошто биле финансирани медиуми во Македонија и Албанија, според Ајефимерида (iefimerida), било објаснето дека тоа е „за да постојат позитивни натписи за Грција и да се лобира врз тамошните новинари или раководствата на медиумите во корист на грчките интереси“.

Доцна синоќа, според „Ефимерида тон синдактон“, Обвинителството во Атина наредило итна истрага за објавување доверливи информации, по написот на грчкиот информативен портал.

Претходно, со соопштение реагираше кабинетот на грчкиот премиер, во кое вели дека „невидената бедност на порталот да објавува наводни информации за распределувањето на тајните фондови на Министерството за надворешни работи директно ги задира националните интереси“ и обвини дека зад тоа стои Нова демократија.

– Ако господинот Мицотакис сака да се информира за тајните фондови, да побара итно средба со премиерот, соопштуваат од кабинетот на Ципрас.

За објавените информации од грчкиот портал реагираше и Никос Вуцис, претседателот на грчкиот Парламент.

– Предизвикува огорченост протекувањето во медиумите на наводните „доверливи трошоци“ на МНР, но во исто време покренува и сериозни прашања за целта и стремежите на оние политичари и електронските медиуми кои ги даваат и ги објавуваат овие „вести“, вели Никос Вуцис во пишаната изјава.

grcijamnrmvr

Би можело да ве интересира

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ20/03/2026 - 21:1220/03/2026 - 21:14

Уапсен Македонец во Грција, беснеел со мотор со 223 километри на час

Катерина Ѓуровски17/03/2026 - 09:1317/03/2026 - 13:06

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Предраг Петровиќ14/03/2026 - 12:03

Земјотрес во Грција

Предраг Петровиќ14/03/2026 - 09:27

Мицотакис: Грција ќе ги ограничи маржите на горивото и производите од супермаркетите

Горан Наумовски11/03/2026 - 12:28

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски08/03/2026 - 16:0108/03/2026 - 16:04
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен