Грчки државјани се обиделе да прошверцуваат девизи на ГП Дојран

Од:

Царинските службеници од граничниот премин Дојран спречиле обид на грчки државјани за нелегално внесување голема сума девизи во државата.

Како што денеска соопшти Царинската управа, вчера наутро за влез во Република Македонија се пријавил автомобил со грчки регистарски таблички, управуван од грчки државјанин, во придружба на уште еден патник, исто така грчки државјанин.

На прашање на царинските службеници, лицата изјавиле дека немаат што да пријават за царинска контрола, но при извршениот преглед на личната ташна на патникот пронајдени се 21 чек на различни износи во вкупна вредност од 127.277 евра и 10.100 евра во готово.

Законот за девизно работење предвидува дека нерезиденти можат слободно да внесат девизни средства во противвредност на 10 илјади евра, па според тоа, бидејќи станува збор за две лица, 20 чека во вредност од 17.277 евра  и 2.723 евра во готово им се вратени, додека еден чек на 110.000 евра и 7.380 евра во готово  се одземени.

Против прекршителите е поведена прекршочна постапка.

Ова е втор случај на заплена на чекови на поголем износ од почетокот на неделава и трет од почетокот на годинава. Пред три дена на граничниот премин Меџитлија беше спречен обид за нелегално пренесување чекови во износ на 175 илјади евра, а во јануари на граничниот премин Богородица кај грчки државјанин беа откриени чекови во износ од 1.444.000 евра.

Покрај чекови, во 45 други случаи спречено е нелегално пренесување на готови пари во противвредност од околу 570 илјади евра, од кои 390.000 евра, 97.300 американски долари, 113.600 швајцарски франци, 13.700 бугарски лева и 28.300 дански круни.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Заврши штрајкот на грчките цариници, од утрово нормализирано влегувањето во Грција

Дебата за полиграф за граничарите: Сите што се лојални и чесни не треба да стравуваат

Орце Костов

Стоп за возилата со руски таблички во Финска

Пет Кинези илегално влегле во Македонија –добија парична казна, депортација и забрана за влез

Анита Петровска Рајковиќ

Камионџија превезувал суровини за бои и лакови, а под церадата сокрил „БМВ“

Горан Наумовски