Претседателката на партијата Глас за Македонија, Солза Грчева, не е задоволна од исходот од вчерашните предвремени парламентарни избори и од тоа како народот гласаше.
Таа обвинува за недоследности на изборните резултати.
„Имаме нула гласови каде гласале наши членови со семејствата. Искрадени сме до коска, Глас им сметаше на овие две гарнитури“, вели Грчева.
Таа тврди дека од Глас за Македонија, биле украдени гласови и поделени на големите партии.
Според Грчева, народот повеќе не треба да биде амнестиран од вината за политичката ситуација во Македонија и вели дека за неа е поразително тоа што граѓаните биле задоволни со „Северна“.
„Досега гласаа за популисти и криминалци, а сега за првпат гласаат за човек кој им ветува космодром во Кокино, тоа е нешто што не можам да го разберам веројатно сум од друга планета слетана“, вели Грчева.
Вината за ова Грчева, ја наоѓа во лошиот образовен систем кој се уназадува во последните 30 години, па луѓето се поделиле на ваксери и антиваксери.
„Сепак не можам да замислам дека сме толку луди, па да гласаме за некој што вертува космодроми“, вели Грчева.