Грчев: Надморска височина на плоча на објект во градба не е основ за уривање

Од:

Со презентација на техничка документација која се однесуваат на проекти за урнатиот објект „Космос” во Кривичниот суд почна рочиштето за предметот „Т.Н.Т.” на СЈО што се однесува на уривањето на комплексот на бизнисменот Фијат Цаноски.

-Надморската височина на плоча на објект во градба не е основ за уривање, истакна професорот Мирослав Грчев како вештак на СЈО во предметот „Т.Н.Т.“.

Тој на прашање на СЈО појаснуваше за постапката и релевантноста за уривањето, вклучувајќи го решението за уривање на инспекторот Елизабета Најдоска во кое биле посочени отстапки од основниот проект во однос на ѕидови и столбови, како и отстапката од нултата кота на основниот проект за 1,45 метри во однос на надморската висина. Грчев појасни дека според Законот за градење, урбанистичкиот план, управните акти, дозволата за градба и одобрението за употреба се предмет на инспекцисли надзор, а не за уривање.

На прашање на обвинителот Бурим Рустеми, Грчев рече дека може да се изврши мерење на надморска височина на објект, но тоа не е релевантно и доколку се употреби за вакво решение тоа е злоупотреба. Појасни дека органот што спроведува план за да може да измери надморска височина треба претходно да ја усвои.

– Не постои проект на градежен објект од вискокоградба чии коти висински се изразени во надморска височина. Во законот постои нулта точка, а тоа е релативна и почнува со 0,00, а тоа е плоча на приземје и се мери со максималната кота-плоча предвидена во планот, односно изградена плоча. Во случајот е мерено од нулта кота на приземје до неизградена-непостоечка плоча, рече Грчев.

Појасни дека нултата кота во записникот се мерела од неправилно место, бидејќи мереле од спротивната страна на пристапот до објектот.

Во моментов одбраната вкрстено го испрашува Грчев.
Предметот „ТНТ“, се наоѓа доказна постапка и го води судијата Огнен Ставрев, а меѓу обвинетите се поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство во Унгарија, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот градоначалник на општина Гази Баба Тони Трајковски.
Според обвинението на СЈО, обвинетите во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски.

Би можело да ве интересира

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

Таткото на Вања бара да биде пуштен од притвор – Фетаи е против, Апелација одлучува

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

Орце Костов

Нино Васев не смее да оди на работа во Онкологија – судот ги прифати мерките од обвинителство

Ѓорѓе Давид не ја напуштил Македонија: Утрово се јавил во кумановскиот суд поради мерката за претпазливост

Судски совет утре ќе одлучува да за враќање на Шабани во Кривичен суд до завршување на „Талир“ и „Титаник“

А1он