Граѓанското движење „Аваја“ продолжува со кампањата „Мојот глас – Твоја должност“

Од:

Во пресрет на парламентарните избори, Граѓанското движење на Ромите „Аваја“ ќе продолжи со кампањата „Мојот глас – Твоја должност“, која има за цел да ги застапува интересите и приоритетите на ромската заедница на овие избори и да ја подигне политичката култура за информиран избор на ромската заедница.

– „Аваја“ во пресрет на парламентарните избори подготви Програма за Роми и во текот на изборите активно ќе го следи целиот изборен процес, при што ќе организираме јавни сослушувања помеѓу кандидатите за пратеници од различните политичките партии за претставување на нивните програми и планови за ромската заедница за наредните четири години. Воедно, активно ќе ја следиме изборната кампања, ветувањата на политичките субјекти, спроведувањето на изборите при што ќе известуваме за сите нерегуларности, информираат од „Аваја“.

Од граѓанското движење велат дека очекуваат оти по јавното сослушување на кандидатите за пратеници, ромската заедница самостојно ќе одлучи за кого ќе го даде својот глас и апелираат до заедницата активно да придонесе во овој дел со искористување на своето право на глас.

– Оттука ги повикуваме сите политичките партии да го почитуваат кодексот за фер и демократски избори во рамките на своите кампањи, максимално почитување на здравствените мерки и високо ниво на политичка култура. Воедно, апелираме до сите политички партии да не ги користат Ромите и нивната позиција за било какви изборни манипулации, велат од „Аваја“.

Оттаму додаваат дека тие како граѓанска иницијатива, остануваат посветени на барањата на ромската заедница и активно ќе го следат процесот на реализација на ветувања користејќи ги сите демократски средства.

„Аваја“ е граѓанска иницијатива предводена од Институт за истражување и анализа на политики  „Ромалитико“, Здружение на граѓани „Ромаверзитас“ и Здружение за јакнење и организирање на ромската заедница „Романо авази“.

Граѓанското движење на Ромите „Аваја“ претставува иницијатива која има за цел да ги артикулира потребите на заедницата и да ги застапува решенијата кои се во насока на подобрување на положбата на Ромите пред сите засегнати страни за време на избори и по избори како клучни периоди за ветување и реализирање на програмите .

„Аваја“ е граѓанска иницијатива, односно гласот на народот, којашто пред сè работи во интерес на заедницата и нема поврзаност со ниту една политичка партија. „Аваја“ ги застапува барањата на ромската заедница од 17 општини за искористување на нивното право на глас и информиран избор.

Во текот на кризата предизвикана од Ковид-19, „Аваја“  организираше локални дијалози во 15 општини, каде што присуствуваа повеќе од 5,000 Роми кои јавно ги истакнаа нивните ургентни потреби во однос на економски последици, пристап до мерки, пристап до вода, канализациска мрежа, патна инфраструктура и други потреби. Исто така, „Аваја“ дополнително оддели буџет од 17.000 долари за ублажување на економските последици од кризата.

Би можело да ве интересира

Ромите за Демократија: Членови на СДСМ им се закануваа на Ромите набљудувачи

A1on

Меѓународниот ден на Ромите, 8 април неработен за припадниците на ромската заедница

Ана Ололовска

АВАЈА: Девојче понижувано од наставничка во основно училиште во Кочани бидејќи носело шамија

Катерина Ѓуровски

Пресуда на европскиот суд против Македонија за сегрегација на ученици Роми

Ана Ололовска

„Вторник само за Роми“ – Базен во Шуто Оризари со натпис дискриминирал врз основа на етничка припадност и боја на кожа

A1on

Приоритети на Стратегијата за Роми 2022–2030 се долгорочното унапредување на социјалната кохезија и економскиот статус на Ромите

А1он