Пливачи, спортски работници, локалната власт но и жители на Охрид изразија револт поради откажувањето на Охридскиот пливачки маратон. Покровителот на маратонот, претседателот Стево Пендаровски и обзнани на јавноста дека причина е блокираната сметка на Македонската пливачка федерација. Информацијата од јавноста беше дочекана со низа критики, по што стигнаа и понуди од спортисти, но и лица кои рекреативно се занимаваат со пливање, тие да го организираат маратонот.
Левент Рифат, спортски работник и тренер на клубовите „Велосипедски Клуб Шампион Систем Охрид“ и „Triathlon and Swimming club 3Disciplines“, заедно со тренерот Никола Кутаноски преку социјалните мрежи објавија дека се спремни да го организираат охридскиот пливачки маратон.
„Спремни смe и земаме одговорност да го организираме пливачкиот маратон ‘Св. Наум – Охрид’“, стои во објавата.
Познатиот охридски нуркач Никола Паскали исто така, се понуди без надомест, да го организира маратонот.
„Јас Никола Паскали сум спремен, можам и од срце би работел без никаква надомест или компензација за одржување на Охридскиот Пливачки Маратон. Исто така сум во можност да донирам 3000 денари. Дојде денот да почнеме да се организираме самостојно. Со љубов за Охрид“, напиша Паскали.
И градоначалникот Кирил Пецаков свика итен состанок, за да се изнајде начин преку локалната власт да се организира традиционалниот маратон. Тој во неговата реакција веќе кажа дека е срамота да не се одржи маратонот кој е голем промотор на Охрид во светски рамки.
„Општина Охрид беше целосно подготвена за техничката организација. Апелирам да престане уништувањето на националните симболи и манифестации по кои е препознатлива Македонија“, кажа Пецаков.
Не стивнуваат ниту коментарите од јавноста, кои чинот за неодржување на маратонот го нарекуваат: „брука“.
„60 годишна традиција прекинаа. Дали Охридскиот пливачки маратон ја чини државата повеќе од прославата за рамковниот договор т.е повеќе од 100 000 евра?“, е еден од коментарите.
60 годишна традиција ПРЕКИНАА.
Дали ОХРИДСКИОТ ПЛИВАЧКИ МАРАТОН ја чини државата ПОВЕЌЕ од ПРОСЛАВАТА ЗА РАМКОВНИОТ ДОГОВОР т.е ПОВЕЌЕ од 100 000 евра ? pic.twitter.com/zM52A5mzOU
— OnePick (@onepickright) August 17, 2022
„Охрдскиот маратон може Струга да се одржи, така ќе има пари“, се вели во друг коментар.
Охрдскиот маратон може Струга да се одржи, така ќе има пари.
— A_rsena (@rsena_a) August 17, 2022