А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Граѓаните генерално задоволни од услугите на администрацијата

by А1он07/08/2013 - 13:51171
Share0

Граѓаните се најзадоволни од услугите на Централниот регистар, а најмалку од услугите на Фондот за здравствено осигурување. Односот на шалтерските работници е најдобар во Агенцијата за катастар, помалку во Агенцијата за вработување и Царинската управа. Во Централниот регистар најмалку се чека ред и најподобрено е работењето.

Добивај вести на вибер

Ова се резултатите од проектот „Таен клиент“ што го спроведе Министерството за информатичко општество и администрација во периодот мај-јуни 2013. Направени се 2.700 анкети во десет подрачни единици на вкупно девет институции од кои граѓаните најчесто бараат услуги, 540 ненадејни посети од најмени агенти кои се претставувале како директни корисници, како и по три телефонски повици во секоја институција.

Според анализата, граѓаните се генерално задоволни од услугите на администрацијата, но планираните реформи за поефикасно функционирање мора да се спроведат.

– Подолго чекање ред пред шалтерите, телефонски  нејавувања од страна на операторите, недоволно хигиена и неприлагодена температура во просториите се само некои од детектираните слабости поради кои одредени институции треба да го реорганизираат работењето, рече денеска министерот Иво Ивановски.

Презентирајќи ги резултатите од спроведената анализа, Ивановски нагласи дека во речиси сите институции граѓаните ја добиваат услугата на првата врата без да бидат препраќани на друго место или шалтер.

– Ова истражување е во рамки на проектот за реформи во јавната администрација кој треба да покаже какви се услугите на институциите кон граѓаните, истакна министерот.

За четири недели, додаде, државните институции кај кои беа утврдени слабости ќе треба да направат акциски план за нивно надминување. По шест месеци проектот ќе биде повторно спроведен за да се види дали има промени во работењето.

administracijainformatika

Би можело да ве интересира

Алијансата за Албанците: Во тек е процес на деалбанизација на јавната администрација во Македонија

Горан Наумовски04/06/2025 - 16:44

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

A1on25/12/2023 - 12:57

Протест на вработените во судска администрација, поддршка добија од претседателот на Судскиот совет

Предраг Петровиќ19/09/2023 - 16:1019/09/2023 - 16:43

Државната администрација брои 129.374 вработени, во Владата и министерствата работат 14.500 лица

A1on26/04/2023 - 12:4226/04/2023 - 15:03

Не се знае каде и за што се потрошени 12 милиони евра од вкупно 30 за реформи во администрацијата, утврди ревизијата

A1on16/03/2023 - 13:0516/03/2023 - 13:32

Штрајкот на вработените во Управата за матични книги останува во мирување

Горан Наумовски20/07/2022 - 15:2220/07/2022 - 19:54
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен