(ВИДЕО) Граѓани пред СЈО потпишуваат изјави дека боеле со Шарената револуција

Од:

Голем број на граѓани вечерва пред СЈО потпишуваат изјави дека боеле со Шарената револуција.

Меѓутоа, нашата карактеристика е сполтеноста и заедништвото, затоа ние нема да оставиме нашите соборци и соборки да бидат на милост и немилост на Чавков и затоа од денеска почнуваме процес на самопријавување. И јас сум хулиган, и јас сум хулиганка. На интернет ќе бидат достапни два документи преку шарената револуција, едниот е полномошно за правен застапник, а другото е изјава која што секој кој што сака ќе ја потпише и со тоа ќе изјави дека е дел од Шарената револуција и дека своето мислење и револт го изразува преку боење на симболите на овој криминален режим. Ги повикувам сите граѓани кои што сакаат да помогнат на Шарената револуција и кои што сакаат да го спасат Чавков од маките да се пријават дека се учесници во Шарената револуција и дека боеле, битката ќе ја водиме заедно, демонстрантот Павле Богоевски.

Како реакција на интервјуто на Груевски, тој истакна дека е дел од невладина и дека никогаш не скокал на ниту една програма.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Во Србија нема да има Шарена револуција

Шарените револуционери Савески и Куновски одново на обвинителна клупа

Васко Маглешов

По 3 години ќе се чисти бојата од шарената револуција на Јавното обвинителство

ВИДЕО: Најчевска казнета со 200 евра за фрлање боја

Сандра Бошковска

(ВИДЕО) Богоевски: Не давам оставка, јас сум легитимен претставник на Шарената револуција

Наум Локоски

Повторно одложено судењето за Мариглен Демири, следното рочиште закажано догодина

Наум Локоски