Ќе се врати калдрмата на Плоштадот Македонија, а на просторот меѓу фонтаната – Воин на коњ и Камениот мост ќе се гради нова фонтана со прскалки на простор во форма на коцка со големина 15 на 15 метри.
– За време на реконструкцијата, постојните плочи на плоштадот делумно ќе бидат зачувани, а другите ќе бидат извадени и ќе се употребат на плоштадот кај црквата „Пресвета Богородица“.
На местото на извадените плочи, при реконструкцијата на партерот на плоштадот „Македонија“, ќе биде поставена коцка. На плоштадот ќе бидат заменети канделабрите, клупите и кантите за отпадоци, стои во денешното соопштение од Град Скопје.
Проектот за изградба на фонтана и реконструкција на плоштадот, како што е наведено во соопштението, ќе се реализира со 2/3 финансиски средства од Владата на Република Македонија и 1/3 од буџетот на Град Скопје.