Градоначалникот на Кавадарци го најави зонското паркирање

Од:

Кавадарци наскоро ќе добие зонско паркирање, најави денеска кавадаречкиот градиначалник Александар Панов.

Според него се чека само Секторот за внатрешни работи Велес да го разгледа проектот кој е доставен на верификација и да оцени дали улицата „Илинденска” е дозволена за паркирање или не.

-Во првите десетина дена возачите нема да се казнуваат со цел да се научат како правилно да го користат зонското паркирање. Тие ќе бидат упатувани и корегирани со што службите би имале помалку интервенции тогаш кога официјално ќе започне зонското паркирање, нагласи градоначалникот.

Тој потсети дека претходно и официјално беше потпишан договорот со партнерот за зонското паркирање и додаде дека „Илинденска” е главната централна улица во градот која е пренатрупна со паркирани возила од двете страни на коловозот.

– Проектот е изработен од страна на искусна фирма од Битола. Се надевам на позитивен одговор од СВР Велес, со што конечно ќе почне да се решава сообраќајниот хаос во Кавадарци, информираше Панов.

Катната гаража е веќе подготвена, рече тој и дека останува обележувањето на хоризонталната и вертикаланата сигнализација низ улиците каде ќе се одвива зонското паркирање.

Би можело да ве интересира

Пожарот кај Раец е изгаснат, екипите на ТППЕ Кавадарци остануваат на терен поради превенција

Поради пожар, селото Дреново e без вода

Пожарот кај кавадаречкото село Раец сѐ уште е активен

Пожарот кај Кавадарци се уште е активен, гаснењето продолжува и во текот на ноќта

Пламнаа два нови пожари во Општина Кавадарци

Горан Наумовски

Реактивиран e пожарот во кавадаречко, два „ер трактори“ ангажирани во неговото гаснење