Градоначалникот на бугарската општина Стражица во посета на Штип

Од:

Градоначалникот на општина Штип Илчо Захариев денеска во својот кабинет оствари средба со градоначалникот на бугарската општина Стражица Румен Павлов.

Захариев изјави дека соработката со збратимениот град Стражица е одлична во делот на културата, а се разгледуваат и можностите двете општини заеднички да аплицираат за раелизација на проекти од програмата за Меѓугранична соработка Македонија-Бугарија.

– Во делот на културата соработката е интензивна, нашата Библиотека соработува интензивно со читалиште од Стражица и верувајте дека таа соработка е многу интензивна. Наши културно-уметнички друштва ќе одат таму, нивни ќе доаѓаат тука. Мислам дека во делот на економијата можеме да најдеме заеднички моменти, но пред се во искористувањето на Европските фондови. Вие знаете дека евроамабасдорот Жбогар беше гостин кај нас пред некој ден и дефиниравме дека нашата општина има потреба од изградба на колекторски систем и прочистителна станица за отпадни води, вели Захариев.

Градоначалникот на бугарската општина Стражица, Павлов истакна дека ваквите средби и соработки во делот на културата, спортот ќе доведат до поголем развој на двете општини, а исто така ќе се пронајдат и во делот на заедничко аплицирање за искористување на средства од ЕУ фондовите.

Би можело да ве интересира

Бугарија оди на осми избори за пет години

Катерина Ѓуровски

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена

МНР: Бугарското МНР наместо партнер, сѐ почесто настапува како рецензент на македонските политичари

Шок во Бугарија: Радев даде оставка

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија