Градинката „Кочо Рацин“ почна да користи нов, еколошки систем на греење и ладење

Од:

Заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ и финансискиот директор на АД МЕПСО, денеска ја посетија детската градинка “Кочо Рацин” објект Панорама – Водно. Градинката почна да користи нов, еколошки систем на греење и ладење, преку користење на триесет и три високоефикасни инвертер клима уреди. За нивна набавка и инсталација АД МЕПСО донираше 30.000 евра.

Оваа градинка е дел од Планот за чист воздух, за која АД МЕПСО, во рамки на своите ингеренции донесе Одлука за поддршка на истиот и издвои средства со кои ќе биде заменето затоплувањето од нееколошко односно на нафта, во еколошко, односно на електрична енергија.

Макрадули истакна дека од овој момент не постои јавен објект-градинка што веќе загадува во Општина Центар односно дека со реализирањето на оваа активност ќе се заокружат сите јавни објекти, кои користат нееколошки извор на затоплување во општината и со тоа нема да постои детска градинка и основно училиште која ќе го загадува воздухот.

Тој додаде дека до 2024 нема да има јавна институција која ќе загадува.

Во оваа градинка не само што не мириса на нафта, туку е и потопло, почисто. И она што е најзначајно заштедата ќе биде околу 40-45 проценти.

Десет тони потрошувачка, зависно од зимата, би чинело осум илјади евра. Но, сега за 40 до 45 проценти ќе биде помал трошокот и околу 700 килограми помалку ПМ2,5 и ПМ10 честички во воздухот, рече Макрадули.

Финансискиот директор на АД МЕПСО, Љупчо Зиков, изјави дека во разговор со директорката на детската градинка дознал дека пред да бидат инсталирани инвертерите често мирисало на нафта, бидејќи погонот за греење бил на нафта.

И не само во градинката, туку мирисало и во околината, во населбата.

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, информираше дека оваа градинка била единствениот објект кој што користел начин на греење што предизвикува загадување.

Тој упати апел до сите општествено-одговорни компании и физички лица кои се во можност да помогнат во сите објекти да се замени греењето со еколошкиот начин на греење.

Би можело да ве интересира

Во Скопје речиси 50 отсто од децата се невакцинирани со ди-те-пер

Орце Костов

Здравствениот инспекторат ќе ги контролира вакциналните потврди за градинка, министерот ги прифати препораките

Катерина Ѓуровски

Инспекторатот ќе забрани невакцинирани деца во градинките кога ќе добие одлука од министерот

Орце Костов

Училиштата и градинките ќе плаќаат за 35 отсто поевтино парно, Регулаторот ги намали сметките

Орце Костов

Едукативна кампања на Центарот за одржлив развој „Алка“ за зачувување на животната средина

Орце Костов

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

Орце Костов