Град Скопје склучил договори за реконструкција на фасадите на вкупно пет згради во централното градско подрачје.
Според податоците од Бирото за јавни набавки, за овие фасади ќе бидта потрошени вкупно околу 1 милион и 300 илјади евра.
Се работи за реконструкција на фасадите на објекти на улицата „Никола Вапцаров“ и на улицата „Димитрија Чуповски“, во строгиот центар на Скопје, кои треба да се прилагодат во барок-стил.
Изведбените зафати треба да се реализираат во рок од шест месеци, а договорите се склучени со градежните компании „Пелагонија“ од Гостивар, „Трансмет“ од Скопје и „Бауер БГ“ од Скопје. Сумата за реконструкција на фасадите во центарот на Скопје, според договорите склучени досега надмина 3 милиони и 300 илјади евра.
А.Б.