Град Скопје информира дека на 15 јуни беше извршено целодневно тестирање на површинската, таканаречена сува фонтана (џампинг џет) на плоштадот „Македонија“.
– Фонтаната и плоштадот се уште се во фаза на изградба и тестирање и за официјалното пуштање во употреба јавноста ќе биде информирана, се вели во соопштението од Град Скопје.