ГП „Меџитлија“ затворен за сообраќај до 4 август, за влез и излез во Грција преку „Евзони“

Од:

Грчкиот граничниот премин „Ники“ односно граничниот премин „Меџитлија“ ќе биде затворен за патнички и товарен сообраќај во периодот од 22.07 (среда) од 00.00 часот до 04.08.2020 (вторник), во врска со новите протоколи на грчката Влада за рестрикитивни мерки за Ковид-19.

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека до граничната служба на граничниот премин „Меџитлија“ од страна на грчката гранична служба од граничниот премин ,,Ники“, доставено е известување дека грчкиот граничен премин ,,Ники“ ќе биде затворен за патнички и товарен сообраќај во овој период.

– Сите патнички и товарни моторни возила што планираат да остварат влез и излез од и во Грција во наведениот период, тоа ќе може да го остварат на грчкиот граничен премин ,,Евзони“, информираат денеска од МВР.

Би можело да ве интересира

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Денеска истекува флексибилната примена на ЕЕС: Се очекуваат нови гужви на границите со ЕУ

Пламна пожар на границата меѓу Србија и Хрватска – гореше шума и ниската вегетација

Застој на „Евзони“ за влез во Македонија – се чека и по 4 часа на 36 степени

А1он

Метеж на граница кон Грција – за излез од Македонија се чека околу два часа

А1он

Директна порака до Русија, границите ќе бидат смртоносни