Гостивар во фокусот на ЗНАМ: Жителите на Гостиварско го креираат патот кон новата локална политика

Од:

Караванот „Со срце за нашата општина“ на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија денес продолжи со својата теренска мисија во Гостивар, каде што се одржа отворена средба со граѓаните од целиот регион.

Разговорот се водеше во духот на искреност, еднаквост и директна вклученост на жителите на Гостиварско во обликувањето на програмата за претстојните локални избори.

Караванот беше предводен од: Горан Минчев, генерален секретар на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Бобан Карапејовски, член на Извршниот одбор на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија и Марин Алексов, член на Извршниот одбор на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија.

Во фокусот на средбата беа предизвиците со кои се соочуваат граѓаните на Гостивар и околните населени места, од урбан хаос, недоволна поддршка за младите и жените, до запоставена инфраструктура и недостаток на инвестиции.

Пред членовите, подржувачите и граѓаните на Гостивар, Минчев истакна:

„Не доаѓаме со подготвени говори и празни фрази. Дојдовме да слушаме, да учиме од граѓаните и заедно да изградиме програма што произлегува од реалниот живот, а не од политички шаблони. Затоа нашата визија е силна –затоа што ја креираме со народот“.

Со секоја нова средба, Движењето ЗНАМ потврдува дека не води политика оддалечена од народот, туку политика што се темели на дијалог, со директен контакт, искрен разговор и вистинска посветеност на секојдневните предизвици на граѓаните.

Би можело да ве интересира

Димитриевски од Гостивар: Со Бугарија ќе разговараме, но од македонскиот идентитет не отстапуваме

Димитриевски: Не влеговме во Владата за фотелји!

А1он

Димитриевски: ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

Димитриевски од Струмица: Помина времето кога политичарите испраќаа пораки од скапи јахти

Предраг Петровиќ

ЗНАМ со владината реконструкција го добива Министерството за земјоделство, ќе го раководи Борче Серафимовски

СДСМ: Мицкоски прави ЗНАМ 2.0 – Театар со караван додека се делат тендери