(ВИДЕО) Големо невреме проследено со дожд и град го зафати тетовскиот регион

Од:

Попладнево Тетово и околината ги зафати големо невреме проследено со силен дожд и град во големина на лешник. Поројниот дожд траеше околу 45 минути и според првичните информации делови од градот се поплавени, а граѓаните апелираат за помош.

-Командирот на ТППЕ Тетово бара да биде исклучена струјата во цело Тетово, бидејќи според него, ризикот од струен удар по граѓаните и пожарникарите е многу висок поради тоа што се поплавени подрумските простории на повеќе куќи и објекти.

На 112 стигнаа неколку пријави од граѓани за поплавени подруми. Во моментов се воспоставува контакт со ЕВН.

Екипите на ТППЕ Тетово и јавно комуналните преторијатија се на терен и вршат пунктирање на водата од објектите.

Од страна на ТППЕ Тетово преку ЦУК беше побарано исклучување на струјата во цело Тетово.

Силниот ветер и градот направија штети на земјоделските култури и овошните насади но и штети во урбаните средини (оштетени кровови, канделабри, пластифицирани настрешници, возила и др.).

Штетите ќе се проценуваат дополнително.

Од ЕВН инфирмираат дека ќе ја исклучуваат струјата улица по улица и населба по населба.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

32-годишна жена од Тетово плати 3.000 евра за измислена работна виза

Горан Наумовски

ВИДЕО: Дојава за бомба во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“

Свлечишта на Шапка и во тетовско, потпорен ѕид падна врз куќа – 200 поплавени куќи во Форино

Горан Наумовски

Мртво бебе е донесено во Ургентниот центар во Тетово