Голем пожар кај Карбинци, две вили настрадаа во огнената стихија

Од:

Две вили во атарот на општина Карбинци, од кои едната целосно изгоре, се меѓу објектите кои настрадаа во големиот пожар што изби попладнево и брзо се прошири поради силниот ветер. Зафатена е голема површина на земјоделско земјиште и култури, а во опасност се доведени и повеќе други објекти.

Градоначалникот на Општина Карбинци, Јордан Насев, вели дека од едната вила евакуирано е едно лице со инвалидитет. Пожарот се шири брзо поради ветерот и веќе е пристигнат кај препумната станица за вода во близина на село Радање.

Насев вели дека е ангажирано месното население, кое им помага на штипските пожарникари кои веднаш пристигнале да интервенираат. Проблем им создаваат одредени шумски појаси каде пламените јазици се издигнуваат по неколку метри.

Засега нема информации околу тоа како избувнал големиот пожар.

Инаку, ова е веќе трета голема огнена стихија во општина Карбинци во изминатиов месец. На почетокот на јули изгореа 300 хектари со житни култури, овошни и лозови насади.

Би можело да ве интересира

Голем пожар во Романија: Изгореа 32 домови, 300 жители се експресно евакиурани

Горан Наумовски

Пожар зафати 5.000 хектари шума, изгореа 50 куќи

Изгаснат пожарот во Липковско

Пожарот кај „Глажња“ е сè уште активен, екипите продолжуваат со гаснење

Горан Наумовски

Пожар во станбена зграда во Констанца: Десетици се евакуирани, девет лица се во болница

Гори депонија во близина на Арачиново

Горан Наумовски