Голем пожар избувна во Радовиш – горат погони и машини во поранешен „Декортекс“

Од:

Голем пожар избувна вечерва во Радовиш во кругот на поранешен „Декортекс“.

Според информациите оттаму горат погони и машини, а пожарот избувнал доцна попладне.

Засега нема официјални информации за причините за пожарот, ниту дали има повредени лица или поголема материјална штета.

На социјалните мрежи веќе се споделуваат снимки од густ чад и пламен што се издига над објектот, додека се очекува повеќе детали да соопштат надлежните институции и противпожарните служби.

Би можело да ве интересира

Догорче од цигара причина за пожарот во ГОБ „8 Септември“, нема повредени

Пожар во болницата „8 Септември“ во Скопје, пациентите се евакуираат

Горан Наумовски

Пожар во подземниот паркинг на КАМ мол во Ѓорче Петров, евакуирани посетителите

Горан Наумовски

Изгорен стан во Белград, во ходникот пронајдено тело на 55 годишник

А1он

Двајца пожарникари загинаа додека гасеа пожар во близина на Атина

Нема повредени при запалените куќи на Бит-пазар, полицајци сѐ уште присутни на лице место