Французинка повредена во пожарот во Кран-Монтана бара отштета од 8,2 милиони евра

Од:

Адвокатот Себастијан Фанти, кој застапува Французинка која беше сериозно повредена во пожар во ноќен клуб во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана на новогодишната ноќ, изјави дека поднел барање за отштета во вкупна вредност од 8,2 милиони евра во парискиот суд.

„Сакаме два милиони евра како аванс за итни трошоци и преостанатиот износ за остатокот од животот на мојата клиентка“, изјави адвокатот на повредената Французинка.

Фанти рече дека барањето за отштета се базира на прелиминарна пресметка подготвена од експерт.

Меѓу другото, барањето се однесува на надомест за физичкиот интегритет на Французинката и за нејзината загуба на заработка, како и на фактот дека неговата клиентка ќе мора да биде згрижена до крајот на животот.

„Франција ќе ја смета општината и (швајцарскиот) кантон Вале за одговорни, сигурен сум во тоа“, изјави адвокатот.

Адвокатот рече дека застапува вкупно 26 жртви на пожарот во Кран-Монтана и нивните роднини.

Во пожарот што избувна на новогодишната забава во ноќниот клуб „Констелејшн“ во Кранс-Монтана загинаа 41 лице, а 115 беа повредени.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во Белград: Двајца пожарникари се повредени, шеесетина продавници се во пламен

Горан Наумовски

Пожар помеѓу штипските села Долани и Љуботен, едно лице e повредено

A1on

По седум години затвор за Ѓоре Петровски и за Даниел Димески за опожарување куќа во Нежилово

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски

Електрична инсталација се запали во Кисела Вода, станарите во паника ја напуштија зградата

Горан Наумовски

Повторно се активира пожарот над штипската населба Кадидаре

А1он