Жена изгоре во голем пожар во скопската населба Пинтија

Од:

85-годишна жена настрада во пожар кој пламна во нејзината семејна куќа во скопската населба Пинтија, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според информациите од полицијата, пожарот е пријавен околу 1.48 часот во куќа сопственост на 45-годишната С.К., каде живеела и нејзината мајка М.В. (85).

Од здобиените повреди во пожарот, жената починана местото на настанот, а смртта ја констатира лекар од Итната медицинска помош.

На терен интервенираше противпожарната пригада која го изгаснала пожарот.

Од МВР најавија дека полициски екипи во текот на денот ќе извршат увид за утврдување на причините за избувнувањето на пожарот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар во воена база во Канада, има жртви

(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари

Уапсен е 25 годишник во село во Старо Нагоричане – пијан предизвика пожар

А1он

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија

(ВИДЕО) Од пожар во кафуле изгоре трикатница во Грција

А1он