Голем концерт и гушкање на ГТЦ!

Од:

За утревечер, со почеток во 20:00 часот, граѓанската иницијатива „Го Сакам ГТЦ“ најавува голем концерт и гушкање на ГТЦ со кој практично ќе заврши широката граѓанска кампања  „Излези за ГТЦ“ по повод референдумот за изгледот на градскиот трговски центар кој ќе се одржи в недела.

Организаторите најавуваат спектакл со многу музика, насмевки и прегратки на кој би требало да кулминира љубовта на жителите на Општина Центар кон ГТЦ и нивната одлучност да го задржат автентичниот изглед на објектот кој го доживуваат како свој.

GTC_Zavrsen nastan

На настанот, пред присутните ќе се обратат претставници на Асоцијацијата на архитекти на Република Македонија, претставници од невладините организации кои ја поддржаа иницијативата, но и неколку истакнати граѓански активисти. Сите заедно, на граѓаните ќе им ги упатат последните пораки околу важноста да се зачува оригиналниот изглед на ГТЦ пред и официјално да започне пред – референдумскиот молк кој ќе трае се до крајот на гласањето в недела.

На концертот пак, кој ќе биде дел од овој завршен настан, ќе настапат голем број познати музички имиња како што се Тони Зен + Бенд (Флека),  Златко Ориѓански (со изведба на песни од претставата „Солун град на духови“), Ана Костовска и Симон Киселички, Бени и Нон Стоп, како и Самакутра бенд.

Концертот, заедно со големиот завршен настан, ќе започнат утревечер во 20:00 часот пред самиот влез на ГТЦ од страна на плоштадот. Иницијативата „Го Сакам ГТЦ“ ги повикува сите Скопјани, да дојдат и да се забавуваат и уште еднаш да го гушнат ГТЦ пред одржувањето на референдумот во недела на 26-ти Април.

Би можело да ве интересира

МВР потврди: 55 годишна е жената која падна од терасата на ГТЦ

Анита Петровска Рајковиќ

Жена се фрли од терасата на ГТЦ – момче се обидело да ја спречи, но не успеало

Анита Петровска Рајковиќ

ГТЦ лани издвоил 1,3 милиони евра за струја и 2022 ја завршил со минус од 645.000 евра

Орце Костов

Вклучи-исклучи на струјата во ГТЦ: Менаџментот ветувал дека ќе го плати долгот, за дуќанџиите да не останат во мрак

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Дојави за бомби во ГТЦ, во МНР и во неколку школи, во тек евакуација

Катерина Ѓуровски

Габриел Бајрам не се јавил на распит во полиција, ама се јавил на поканата за прослава на Владата

Кристијан Ландов