Голем број лица заболени од варичела во Крива Паланка и Ранковце

Од:

Од октомври лани до февруари годинава на подрачјето на општините Крива Паланка и Ранковце биле регистрирани 164 лица заболени од овчи сипаници.

Според податоците од Подрачната единица на хигиено-епидемиолошка служба при Центар за јавно здравје, Крива Паланка, бројот на регистрирани случаи со ова вирусно заболување сезонава е речиси неспоредлив со истиот период 2015/2016 година.

– Во периодот од октомври 2016 година до крајот на јануари 2017 бројот на регистрирани лица со варичела изнесува 164 лица, додека минатата сезона биле евидентирани само четири лица. Во октомври лани се регистрирани 14 лица, додека растејќи од месец во месец, во јануари таа бројка беше 72. Како резулатат на ова, на крајот од јануари прогласивме епидемија на територијата на Крива Паланка. Најголем број од лицата беа ученици на возраст од 7 до 19 години од основните училишта, но беа регистрирани и заболени во предучилишните установи, информира доктор Елена Крстевска од хигиенско епидемиолошката служба во Крива Паланка.

Според Крстевска, тоа се должи на релативно краткиот период на изолација на заболените лица, кои според нивните информации останувале 2-3 дена во домашни услови од појавата на заразата, што претставува потенцијален ризик –фактор за другите ученици кои не прележале сипаници.

– Децата кои се заразиле со сипаници мора да бидат изолирани во домашни услови најмалку десет дена од појавата на осипот, се до негово целосно отстранување. Ваква препорака со укажувања, како превентивна мерка, беше доставена до сите училишта, со цел да се спречи понатамошното ширење на заболувањето. Ова заболување пројавува општи симптоми една до три седмици пред појавата, а треба при први симптоми да се консултира матичен лекар, за да се потврди или исклучи варичела, истакна Крстевска.

Варичелата е високо-заразно заболување кое се пренесува по аеро-капков пат и избегнувањето контакт со останати лица во периодот со осип е добра превентива.

– Издадените препораки имаа ефект, бројот на заболени лица, регистрирани како варичела во февруари е висок, но опаѓа во однос на јануари и ние продолжуваме да ја следиме епидемиолошката состојба на варичела на територијата на двете општини, наведе Крстевска.

Би можело да ве интересира

Апасиев примил претставка од оштетените граѓани од Крива Паланка – бараат собраниска реакција за долгогодишниот проблем со кравите

Поради расправија за добиток претепале жена во Дрење, ѝ скршиле скочен зглоб

Нова кривична пријава за таткото и двете ќерки од Крива Паланка поради тешка телесна повреда

Горан Наумовски

Ристовски: Понудивме конкретен план и решение за проблемот со добитокот во Крива Паланка, градоначалникот Митовски го одби

Протест во  Крива Паланка, Митовски порача: Одиме до крај — додека не се спроведе законот и последното грло добиток не биде изнесено од градот

Координативен состанок за трајно решавање на проблемот со неконтролираното движење на добитокот во Крива Паланка

Предраг Петровиќ