Гоце, Даме и Сандански станаа бугарски револуционери на „Википедија“

Од:

Гоце Делчев – бугарски револуционер. Ова ќе ви се појави на пребарувањето на „Википедија“ за Гоце Делчев, доколку тоа го сторите од вашиот мобилен телефон. Од неодамна, на веб-страницата на Википедија на македонски јазик, за „бугарски револуционери“ се прогласени и Даме Груев, Питу Гули и Јане Сандански, или сите револуционери кои се споменуваат во македонската химна.

Во текстот за нив на „Википедија“, сепак пишува дека тие се македонски национални херои, но веднаш под името стои дека тие се Бугари.

Википедија на македонски јазик е еден од најпребаруваните веб-страници и истата може да биде уредувана од секој граѓанин, но сепак постојат уредници и волонтери кои работат на тоа да бидат прикажани точните факти.

Википедија формално започна во јануари 2001 како проект за создавање на енциклопедија со слободна содржина кон која секој може да даде придонес. Години потоа, страниците на Википедија се појавуваат на врвот од скоро секое пребарување на Google. Википедија стана првото место каде што милиони луѓе одат за да научат некој факт набрзина или за да започнат некое пошироко истражување.

Изданија на Википедија постојат на повеќе од 200 јазици со заеднички збир од неколку милиони статии. Сите изданија, вклучително и македонскиот го користат истиот основен софтвер и се сопственост на Фондацијата Викимедија, непрофитна организација од САД.

Самата веб-страница, со оглед на тоа што е отворена, ги прикажува и последните промени, така што уредниците на „Википедија“ на македонски јазик лесно би можело да лоцираат кој ги претворил македонските национални херои во Бугари.

Би можело да ве интересира

Доделена државната награда „Гоце Делчев“ за 2025

122 години од смртта на Гоце Делчев – Левица оддаде почит на Великанот

(ВИДЕО) Филипче: Ако Делчев кажал дека сме поделени како нација, ние тоа го сведочиме и денес, повеќе од еден век подоцна

Горан Наумовски

Мицкоски: Македонија е изградена од саможртвата на хероите кои ги дадоа своите животи за нашата слобода

Горан Наумовски

Во Македонија денеска се одбележува 122 години од смртта на Гоце Делчев

Горан Наумовски

Мицкоски: Гоце Делчев е дел од македонскиот идентитет

Катерина Ѓуровски