Глумат криза, а штабовите комуницираат?

Од:

Колку е вистинска кризата во владината коалиција, а колку , како многу пати досега пред јавноста се „глуми“ кавга и патриотизам. Според порталот ОхридСкај, владината коалиција веќе подолг период има контакти на ниво на Центрите за комуникација.

Тие скоро секојдневни контакти, пишува порталот,  помогнале многу , некои меѓусебни работи и договарања да  бидат поефективно продавани во јавноста , со помош и голема соработка и од одредени медиуми.

По коалициската криза која ескалираше со чествувањето на министерот за одбрана Бесими во Слупчане ,  но и со предложување на Закон за бранители од ВМРО-ДПМНЕ,  двата центра одлучиле да формираат работен координативен штаб кој ќе биде тесно поврзан меѓу себе, и се  поради потребата  секое решение биде„ продадено“ на јавноста  како успешно

ОД ВМРО-ДПМНЕ, пишува порталот не ги откриваат  своите членови ,  но се претпоставува дека тоа се истите луѓе кои и досега беа задолжени за „партиската вистина“.

Од о ДУИ, е скоро сосема сигурно дека овој штаб го предводи Газменд Ајдини, поранешен новинар и човек кој беше поврзуван со разни маркетинг фирми преферирани, во сите влади, од страна на министрите на ДУИ.  Ајдини е сега член на управен одбор на АЕК, пишува ОхридСкај.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он