„Глобален женски појадок 2020“, можност за размена на искуства и планирање идна соработка

Од:

Жени активни на полето на хемијата и сродните науки, вработени во различен тип организации се собраа денеска на „Глобален женски појадок 2020“ во организација на Сојузот на хемичари и технолози на Македонија со цел да ги споделат различните искуства во десегашната кариера и да разгледаат можности за идна соработка. Притоа, тие упатија и порака дека земјава има жени квалитетни кадри во сите области и оти тие заслужуваат да го предводат развојот и на науката и на општеството воопшто.

-Верувам дека денешниот собир е извонредна прилика за споделување, искуства, вештини, знаење информации, контакти и идеи. Она што се случува на локално ниво, вмрежувањето на национално ниво, натаму да прерасне во вмрежување на интернационално ниво и со тоа да се придонесе во градење на идни лидери во науката, но и воопшто во останатите делови на живеењето, рече Елизабета Ѓоргиевска, сопруга на претседателот на државата Стево Пендаровски.

Женското лидерство, особено лидерство во науката е нешто што му е неоходно на нашето општество и воопшто на човештвото. Свесна е вели, за напорите што една жена и мајка треба да ги направи за на професионален план да биде еднакво почитувана и ценета како и колегите, но и да најде време и енергија да се посвети на науката и на професијата.

-Се уште треба да се работи на целосна родова еднаквост во политиката, во бизнисот и науката, но за жал и во нашите размислувања менталитет и култура на живеење. Затоа мора уште поенергично да се бориме за потполна еднаквост, рамноправност, институционално, но и индивидуално во нашата средина и нашиот дом. Борбата да биде за квалитет, не за квалитет. Не се соменевам дека имаме извонреден потенцијал, дека имаме жени лидери кои можат да го предводат развојот и на нашата наука, но и да бидат лидери и во општествените процеси, рече Ѓоргиевска.

Марина Стефова, раководителка на Институтот за хемија, кој е организатор на настанот, се согласува дека и натаму е потребно да се работи на промоција на родовата еднаквост во нашето општество.

-Освен тоа, ние треба и меѓу себе да се поттикнуваме едни со други, да се подржуваме едни со други за да преземеме позначајни чекори и да заземеме некои позначајни позиции во општеството кои ќе ни помогнат на сите заедно да одиме напред, рече Стефова.

На средбата беа упатени и пораки дека треба да се зголемат средствата за науката во земјата, а младите да се мотивираат да ги изучуваат природните науки. Претставници од Фондот за иновации и технолошки развој, потенцираа дека можат да се користат и средства за развој на образованието и образовни активности, за отворање сопствени бизниси и за комерцијализација на иновации.

Би можело да ве интересира

Претепани две жени – тројца мажи им влегле со дрва и шипки во дворот, се заканувале со убиство и при апсењето

(ВИДЕО) Го убив мажот, ме тепаше – A1он со жените зад решетки

Жена и девојка се истепале во здравствен дом во Ѓорче Петров

Ангеловска-Бежоска: За повисок економски раст, потребна е поголема вклученост на жените во економијата

A1on

Во Шпанија од почетокот на годината убиени шест жени

Светот во 2022: Жени, живот, слобода

Горан Наумовски