Онлајн предавање „Чекори во процесот на јавното застапување“

Од:

Ромска асоцијација за жени и млади „Лулуди“ денеска во 18:00 часот ќе одржи онлајн предавање на тема „Чекори во процесот на јавното застапување“.

– Што е застапување? Зошто служи јавното застапување и што може да се постигне со ефективно застапување? Кој е процесот на јавно застапување? Во ова предавање ќе имате можност подобро да се запознаете со значењето на поимот јавно застапување, за што служи јавното застапување и каде се може да се применува. Воедно, преку интерактивен пристап и практични примери ќе имате можност да ги сознаете алатките и чекорите за ефективно планирање на јавно застапување, наведоа од „Лулуди“.

Предавањето ќе го спроведе Силхан Саитов, кој е искусен проектен менаџер во граѓанскиот сектор, кој испорачал неколку работилници од областа на застапување на Медицинскиот камп за застапување и долгогодишен учесник во општествени случувања поврзани со ромската заедница.

– За да го проследите предавањето потребно е претходно да се регистрирате со пополнување на краткиот прашалник на следниот линк: https://forms.gle/M6Y2qQS7J7ygsBxq7. По пополнување на формуларот за регистрација, ќе добиете повратен мејл на денот на предавањето со линк до предавањето. Регистрирањето за онлајн предавањето е отворено за сите и можете да го споделите и со други, образложија од Асоцијацијата.

Би можело да ве интересира

Претепани две жени – тројца мажи им влегле со дрва и шипки во дворот, се заканувале со убиство и при апсењето

(ВИДЕО) Го убив мажот, ме тепаше – A1он со жените зад решетки

Жена и девојка се истепале во здравствен дом во Ѓорче Петров

Ангеловска-Бежоска: За повисок економски раст, потребна е поголема вклученост на жените во економијата

Орце Костов

Во Шпанија од почетокот на годината убиени шест жени

Светот во 2022: Жени, живот, слобода

Горан Наумовски