Глобален женски појадок

Од:

Глобален женски појадок во организација на Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (СХТМ) ќе се одржи денеска по втор пат на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет.

Како што соопштија организаторите, иницијативата за овој глобален настан е на IUPAC, а мотото за 2020-та е „Building bonds to create future leaders“.

– Идејата за овој појадок е да се соберат жени, активни на полето на хемијата и сродните науки, вработени во различен тип организации (универзитети, компании, училишта, лаборатории од приватен и државен сектор) со цел да ги споделат различните искуства во досегашната кариера, како и да се разгледаат можностите за идни соработки, се вели во соопштението.

Настанот е координиран од професорките Марина Стојановска и Јасмина Петреска Станоева од Институтот за хемија при ПМФ и членови на СХТМ.

На настанот, како што најавија организаторите, ќе присуствуваат и сопругата на претседателот на Северна Македонија Елизабета Ѓоргиевска, пратеничката Лилјана Поповска, како и претставници од Фондот за иновации и технолошки развој кои ќе презентираат дел од своите проекти и можностите за соработка меѓу институциите и компаниите.

Би можело да ве интересира

Претепани две жени – тројца мажи им влегле со дрва и шипки во дворот, се заканувале со убиство и при апсењето

(ВИДЕО) Го убив мажот, ме тепаше – A1он со жените зад решетки

Жена и девојка се истепале во здравствен дом во Ѓорче Петров

Ангеловска-Бежоска: За повисок економски раст, потребна е поголема вклученост на жените во економијата

A1on

Во Шпанија од почетокот на годината убиени шест жени

Светот во 2022: Жени, живот, слобода

Горан Наумовски