Глас за Македонија: Мега скандал за предизборен поткуп од страна на власта

Од:

Глас за Македонија реагира за најавените измените во Законот за јавна администрација, во кој власта најавува скратено работно време за целата администрација во петок, каде се бара кратење на работното време на 4 часа.

„Ова е сериозен предизборен поткуп, со кој им се дава до знаење на гласачите: “Ако на изборите гласате за нас, ќе работите помалку по изборите“.

Тоа е истата јавна администрација која не го понесува товарот на епидемијата. Напротив, него го понесуваат занаетчиите, угостителите, туристичките оператори, малите семејни фирми и целиот приватен сектор.

Тоа е администрацијата која од околу 135.000 вработени, токму оваа власт ја зголеми на фантастични, речиси 200.000 лица. Како што чувме и видовме, полно од нив седат дома и земаат плати. По кажување на вработените, само околу 10-15% вистински работат. Тоа граѓаните добро го чувствуваат со крајно лошите сервиси. Тоа е социјалната држава на СДС, каде популизмот царува, а оние кои работат пропаѓаат. Само во последната година и половина згаснаа над 12.000 приватни фирми.

Во развиените земји, секогаш работното време е многу чувствително прашање. За негово намалување или зголемување има дебати, економски анализи, преговори со синдикати, неретко и штрајкови, а кај нас Владата без да праша никого, решила на најлесен начин да собира гласачи.
Ја повикуваме ДКСК сериозно да се позанимава со овој предизборен поткуп. Не се поткуп само наместени тендери, туку ова е класичен пример за мега поткуп.

Поткуп, со кој се купуваат гласовите на илјадници вработени“, велат од Глас за Македонија.

Би можело да ве интересира

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

A1on

Од јануари нема да се чека согласност од Финансии за вработување во администрација

ЕСМ: Вработуваме затоа што за три години останавме без 1190 вработени

A1on

Протест на вработените во судска администрација, поддршка добија од претседателот на Судскиот совет

Предраг Петровиќ

Државната администрација брои 129.374 вработени, во Владата и министерствата работат 14.500 лица

A1on

Не се знае каде и за што се потрошени 12 милиони евра од вкупно 30 за реформи во администрацијата, утврди ревизијата

A1on