Ѓорѓија Сајкоски е нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го избра Ѓорѓија Сајкоски за нов генерален секретар, а според партијата, тој е човек кој „одговорно ќе ги застапува нејзините политики и интереси“.

Сајкоски е роден во Кичево и е доктор на историски науки. Тој е долгогодишен член на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во сегашниот состав на Собранието.

Инаку, во минатото Сајкоски има извршувано повеќе функции и тоа претседател на Совет на Општина Кичево 2009-2013, заменик министер во министерство за локална самоуправа, директор на ЈП „Студенчица“. Сајкоски има извршувано и повеќе партиски функции и тоа бил член на избирачки одбор номиниран од ВМРО-ДПМНЕ во сите изборни циклуси од 1998 до 2006 година. Бил претседател на Месен комитет Девеана, во склоп на ОК ВМРО-ДПМНЕ Кичево од 2004 до 2008 година.

Исто така Сајкоски бил претседател на комисија за култура под ОК ВМРО-ДПМНЕ Кичево од 2004 до 2010 година.
Претседавал со Советот на Општина Кичево и бил исто така координатор на советничка група на ВМРО-ДПМНЕ од 2009 до 2013 година. Членувал во Комисија за локална самоуправа од 2010 до 2014 година. Сајкоски исто така бил и потсекретар во периодот од 2011 до 2015 година. А, е претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Кичево од 2010 до 2020 година.

„Членовите на Централен Комитет на ВМРО-ДПМНЕ го избраа и му дадоа поддршка на Сајкоски бидејќи веруваат дека тој одговорно ќе ја врши функцијата Генерален секретар и ќе ги застапува конкретните политики на партијата кои ќе
допринесат да се насочи Република Македонија на вистинскиот пат,“ се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Главна понуда на СДС на овие избори е црна кампања и трикови

А1он

(ВИДЕО) Марковска Илиевска: Маја Мојсова да каже – дали ќе повика да се гласа за Стевчо Јакимовски во втор круг?

А1он

Мицкоски: Тројната оска СДСМ-ДУИ-Левица функционира затоа што власта им е помила од се во животот

Ружински: Патот до Струмица е нашата главна врска со еден од најважните економски центри во регионот

Вистинскиот избор за Карпош е Сотир Лукровски, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче вчера вика судството било професионално, а Марковски за криминал од 100 милиони добива само куќен притвор