Ѓорчев на средби во британскиот Парламент: Власта во Македонија врши политички прогон

Од:

Пратеникот Влатко Ѓорчев деновиве престојува во официјална посета на британскиот Парламент, каде што оствари средби со високи политички претставници.

Ѓорчев оствари средба со Мартин Викерс, пратеник во Британскиот парламент, со Лордот Боунс, кој е потпретседател на Собранието на ОБСЕ, како и парламентарците Џон Витигдејл и Рос В.

„На средбата Ѓорчев ги информираше соговорниците за актуелната состојба во Република Македонија, незаконското работење, манипулациите и притисоците во врска со референдумска кампања. Дополнително тој потенцира дека власта врши политички прогон, со што Република Македонија е единствена земја на европскиот континент во која има политички затвореници во затворите. Ѓорчев истакна и дека кај граѓаните владее големо разочарување, бидејќи ништо од тоа што ветувала СДСМ не остварила“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

На сите средби соговорниците го нагласиле задоволството од добрите билатерални односи помеѓу Република Македонија и Велика Британија.

„Тој се заблагодари за огромната и несебична поддршка која Велика Британија и ја пружа на Република Македонија од осамостојувањето до денес, дополнително тој кажа дека Велика Британија и е сериозен трговски партнер на Република Македонија и сериозен инвеститор, нагласувајќи дека добрите односи треба да продолжат и во иднина“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

Трамп: Не ни требаат луѓе кои се приклучуваат во војни откако веќе победивме

Стармер: Владата е фокусирана на заштита на британскиот народ

Британија, Франција и Германија: Може да преземеме неопходни одбранбени мерки против Иран

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците